logo
logo
logo

Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони со вертикален систем за лансирање

Vecer | 31.12.2024

Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони со вертикален систем за лансирање

Соопштението на јужнокорејската војска дојде еден ден откако државните медиуми во Пјонгјанг објавија фотографии од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун во посета на бродоградилиште каде се гради нов воен брод.

„Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони во пристанишниот град Нампо. Со оглед на големината на бродот, се проценува дека е способен да носи ракета брод-земја“, изјави јужнокорејски воен претставник.

Тој додаде дека на Северна Кореја може да и бидат потребни неколку години да ја заврши изградбата на бродот и повеќе од 10 години за тојт да биде оперативно распореден.

Најголемиот севернокорејски воен брод досега е фрегата од 1.500 тони опремена со ракета од брод-брод и нема вертикален систем за лансирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk