logo
logo
logo

Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на посета на Ирак

Vecer | 17.12.2024

Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на посета на Ирак

 Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на неговата посета на Ирак пред три години, што беше прва посета на папа на земјата.

Во извадоци од неговата автобиографија, објавени денеска, папата вели дека ирачките власти го информирале по неговото пристигнување во Багдад во март 2021 година дека на најмалку двајца познати бомбаши самоубијци цел им бил еден од неговите планирани настани.

- Жена полна со експлозиви била на пат кон Мосул со намера да се самоубие за време на посетата на папата, напишал Папата во дел од својата книга објавен во италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk