logo
logo
logo

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

Vecer | 05.01.2025

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

„Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки. Народната партија останува на своите ветувања: Нема да се согласиме со мерки кои се против бизнисот или за нови даноци. Затоа ги завршуваме преговорите со Социјалдемократската партија и нема да ги продолжиме“, напиша Нехамер на мрежата Икс.

Тој за јавниот радиодифузен сервис ОРФ изјави дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во наредните денови“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk