Вооруженото дете отвори оган во училиштето Апалачи во Виндер веднаш по 10:20 часот.
Убил двајца ученици, двајца професори и ранил уште девет лица. Во масакрот употребил автоматско оружје.
Засега е утврдено дека Колт го напуштил часот по алгебра во 9:45 часот. Девојчето Лијела, која седела со него рекла дека мислела дека отишол во тоалет, но дека не се вратил. Вратата, вели таа, била автоматски заклучена. По некое време Колт се вратил и една ученичка станала да го пушти да влезе, но видела дека држи оружје во рацете поради што скокнала назад.
Учениците се фрлиле еден врз друг и ги повлекле клупите за да се заштитат, а Колт отишол во друга училница и отворил оган.
Учениците рекоа дека испукал најмалку десет до 15 куршуми. Засега не се знае како момчето ги набавило оружјето и муницијата.
Полицијата потврди дека Колт бил сослушан минатата година по анонимните онлајн закани за пукање во училиште.
Инспекторите рекоа дека ги интервјуирале Колт и неговиот татко, Колин Греј, во нивниот дом во тоа време во Џеферсон - околу 13 милји североисточно од Виндер.
Колт, кој тогаш имал 13 години, рече дека „некој го обвинува дека се заканува дека ќе пука во училиште, велејќи дека никогаш не би рекол такво нешто, дури и на шега“.
Колин Греј им рекол на инспекторите дека имал ловечки пушки во домот и изјавил дека на Колт му било дозволено „да ги користи под надзор, но нема неограничен пристап до оружјето“.
„Колт ме увери дека никогаш не се заканувал дека ќе пука во ниту едно училиште. Му реков на таткото да го чува огненото оружје заклучено и го советував да го држи Колт надвор од училиштето додека не се реши ова прашање“, рекол еден од инспекторите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата