logo
logo
logo

НОВА ОПАСНОСТ: Откриен хибрид на британскиот и индискиот сој на КОРОНА вирус

Vecer | 29.05.2021

НОВА ОПАСНОСТ: Откриен хибрид на британскиот и индискиот сој на КОРОНА вирус

Здравствените власти во Виетнам откриле нова варијанта на корона вирусот, која е мешавина на индискиот и британскиот сој и се шири мошне брзо преку воздухот, рекол виетнамскиот министер за здравје Нгујен Танг Лонг.

- После издвојувањето на генот кај последните заболени пациенти, откривме нов сој кој е мешавина на индискиот и британскиот, рекол Лонг, напоменувајќи дека тоа е индиски сој со мутации кои првобитно и припаѓале на британската варијанта на корона вирусот.

Тој додал и дека резултатите од лабораториските испитувања покажуваат дека новиот сој, кој се пренесува побрзо и полесно, сега мошне брзо и се размножува што го објаснува толку големиот број случаи на различни локации за многу кус временски период.

Од почетокот на пандемијата во Виетнам се заразени 6.396 лица, а умреле 47.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk