logo
logo
logo

Трамп пред судењето за аферата со порно- ѕвезда: Ова е многу тажен ден за Америка

Vecer | 22.04.2024

Трамп пред судењето за аферата со порно- ѕвезда: Ова е многу тажен ден за Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Њујорк и денеска ќе има можност да слушне од обвинителите зошто неговото наводно прикривање на тајна исплата на порно ѕвезда за време на неговата кампања во 2016 година го прекрши законот.

Тоа е прво кривично судење на поранешен претседател на САД.

Судењето почна со воведните зборови на обвинителот, а воведни зборови ќе дадат и адвокатите на републиканскиот претседателски кандидат.

Како што стана вообичаено, Доналд Трамп даде кратка изјава надвор од судницата пред да започне постапката.

Тој го повторува своето верување дека судењето е „многу неправедна“ форма на „мешање во изборите“.

„Денес е многу, многу тажен ден во Америка“, рече Трамп пред почетокот на судењето.

Трамп се соочува со четири одделни судски процеси, но ова би можело да биде единствениот што ќе се одржи пред претседателските избори на 5 ноември.

Обвинителите велат дека поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за наводната сексуална средба со Трамп пред една деценија и дека тоа претставувало измама на гласачите во последните денови од кампањата на Трамп во 2016 година, кога неговата кандидатура се бореше со нови откритија за сексуално недолично однесување.

Трамп се изјаснил за невин по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја донесени од окружниот обвинител на Менхетен и негира дека имал секс со Даниелс.

Многу правни експерти сметаат дека овој случај е најмалку важен во гонењето на Трамп.

Осудата нема да го дисквалификува од преземање на функцијата, но може да ѝ наштети на неговата кандидатура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk