logo
logo
logo

Остатоци на руски дронови се најдени на територија на НАТО членка

Vecer | 25.07.2024

Остатоци на руски дронови се најдени на територија на НАТО членка

Останките беа пронајдени недалеку од селото Плауру, на далечниот исток на Романија, откако руските трупи нападнале цели во соседна Украина во текот на ноќта меѓу вторникот и средата.

Тоа е погранична област каде Романија и Украина ги дели само реката Дунав. Романските медиуми објавија дека е покрената истрага.

Пронајдени се остатоци од дронови „Шахид“ од иранско производство. Украинските власти претходно потврдија дека собориле 25 од 38-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, а три биле изгубени откако ја преминале границата со Романија.

Во исто време, два авиони Ф-18, кои припаѓаат на Финска, полетале во средата во 1 часот и 32 минути и во следните два часа останале во воздух во пограничната област, следејќи ја ситуацијата.

„Тимови на Министерството за национална одбрана во моментов вршат увид на теренот, со цел да трагаат по евентуални објекти кои паднале на територијата на Романија, како резултат на нападот на украинската пристанишна инфраструктура во последните две ноќи.“, се вели во соопштението.

Се наведува и дека властите во Букурешт ќе продолжат да ги информираат сојузниците во реално време за ситуацијата во врска со руските напади. Според членот пет од Основачкиот договор, нападот врз една членка се третира како напад врз сите, поради што другите се должни да одговорат.

Откако НАТО беше основан во април 1949 година, овој член беше активиран само еднаш, по нападот на Ал Каеда врз САД во септември 2001 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk