logo
logo
logo

Орбан со страшно предупредување: Имаме две опции, а едната води кон европско- руска војна

Vecer | 22.11.2025

Орбан со страшно предупредување: Имаме две опции, а едната води кон европско- руска војна

Според Орбан, Европа сега се соочува со „две можни опции“.

- Можеме да се вратиме од овој ќорсокак и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бирократите од Брисел. Тоа би барало од лидерите, кои се залагаат за војна, да се соочат со фактот дека во изминатите 3,5 години ги трошат тешко заработените пари на Европејците за војна, која не може да се добие на бојното поле, истакна Орбан.

Тој додаде дека другата опција води „директно во војна“ помеѓу Европа и Русија.

- Ако европските лидери кои се залагаат за војна продолжат да испраќаат пари и оружје во Украина без поддршка од САД, тие ќе го отворат патот кон европско-руски конфликт. Европа многу добро знае каде води тој пат, а последиците отсекогаш биле трагични, посочи Орбан.

Тој потенцира дека Унгарија го избира патот кон мирот.

- Ова е мандат што ни го даде унгарскиот народ, а диктира морал и здрав разум. Денеска, во тој дух, испраќам писмо до претседателката на Европска комисија (Урсула фон дер Лајен), наведе Орбан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk