Итниот состанок во Женева го побара Иран поради нападот врз училиштето Шаџарех Тајебех, во кој, според Техеран, беа убиени 175 деца и наставници на првиот ден од нападите меѓу САД и Израел.
Ројтерс претходно објави дека американските истражители веруваат дека американските сили најверојатно се одговорни за нападот, но сè уште не ја завршиле својата истрага и не донеле заклучоци. А Израел објави дека го истражува инцидентот.
Волкер Турк го повика Вашингтон што поскоро да ја заврши истрагата и да ги објави резултатите. „Толку многу страдање заслужува правда“, рече тој.
Израелските дипломати во ОН во Женева возвратија со критики кон Иран за напад врз цивили низ целиот регион. „Фактот дека оние што ги кршат човековите права свикуваат итна седница е фарса и злоупотреба на советот на ОН“, рече портпаролот на израелската мисија.
Американските претставници не учествуваат на седниците на Советот, кој го обвинуваат дека е антиизраелски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата