logo
logo
logo

Израел нападна објјекти за производство на радиоактивни материи: Нема да дозволиме Иран да развива нуклерано оружје

Vecer | 27.03.2026

Израел нападна објјекти за производство на радиоактивни материи: Нема да дозволиме Иран да развива нуклерано оружје

Иран претходно објави дека два објекта поврзани со нуклеарната програма биле нападнати во Иран, но не протекол радиоактивен материјал, тврдење што Израелските одбранбени сили (ИДФ) сега го потврдија.

ИРНА во соопштението на Телеграм соопшти дека комплексот за тешка вода во Хондаб, во северозападен Иран, бил цел на напад од страна на американско-израелските сили. ИРНА цитираше функционер од покраината Маркази кој рече дека немало жртви.

Вториот напад погодил објект за производство на „жолт колач“ (вид ураниумски прав) во Ардакан, покраина Јазд, а властите изјавија дека немало протекување на радиоактивен материјал надвор од објектот, според новинската агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда.

„ИДФ нема да дозволи иранскиот режим да продолжи да ја развива својата нуклеарна програма, што претставува егзистенцијална закана за Израел и целиот свет“, соопшти израелската војска на мрежата X.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk