logo
logo
logo

Нови мерки во Грција: музиката се враќа во угостителските објекти, полицискиот час е скратен

Vecer | 10.06.2021

Нови мерки во Грција: музиката се враќа во угостителските објекти, полицискиот час е скратен


Иако во Грција сè уште важи обврската за носење маски, земјата полека ги олеснува епидемиолошките мерки.

Заменик министерот за цивилна заштита и управување со кризи, Никос Хардалис, најави дека новите мерки ќе стапат на сила на 12 јуни.

Од сабота, на 12 јуни, музиката ќе биде дозволена во делови од угостителски објекти што се наменети за гости – рече Хардалис.

Времетраењето на полицискиот час во Грција исто така е скратено. Од сабота, на 12 јуни, полицискиот час ќе важи од 1:30 до 17 часот по локално време. Хардалис, исто така, најави дека полицискиот час најверојатно ќе биде укинат од 1 јули, ако моменталната епидемиолошка состојба го дозволи тоа.

За време на прес-конференцијата беа најавени други мерки, но тие главно беа насочени кон локалното население.

„Многу добро знаеме дека секоја наша небрежност може да биде фатална за многу други. Но, ние исто така многу добро знаеме како можеме да се справиме со тоа, како да се заштитиме себе си и сè што е околу нас. Набудувајќи ги санитарните мерки и протоколи, кои се наш штит уште од првиот ден на пандемијата, преку програмата за вакцинација и создавањето колективен имунитет, ќе можеме да ја оставиме зад себе оваа состојба“, додаде Хардалис.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk