Во германскиот град Шенебек специјалните сили на Канцеларијата на државната криминалистичка полиција застрелале 26 годишен Авганистанец кој претходно со нож им се заканувал на млад човек и на полицијата, пренесува германскиот портал Билд.
Инцидентот се случил околу 4 часот и 30 минути утринава, а причината за тепачката се уште не е позната. Наводно, сведоци ја виделе расправијата и повикале полиција, а кога специјалците пристигнале на местото, Авганистанецот им се заканувал и на нив. Како резултат на тоа било пукано во осомничениот, кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата