logo
logo
logo

Романец го фрлил своето новородено бебе во тоалет, мислејќи дека е мртво- наеднаш слушнал плач

Vecer | 19.03.2025

Романец го фрлил своето новородено бебе во тоалет, мислејќи дека е мртво- наеднаш слушнал плач

Мајката (21) која родила момче на фармата каде работеле таа и нејзиниот сопруг, мислела дека новороденчето е мртво бидејќи мислела дека не дише, јавуваат романските медиуми.

Само неколку минути подоцна, сопственикот на фармата повикал полиција, откако го слушнал плачот на бебето кој доаѓал од дворот.

Жената и новороденчето веднаш се хоспитализирани во Ургентната болница во Пашќани, а мажот е приведен. Младата жена синоќа родила бебе тешко речиси три килограми дома, во редовен термин за породување.

Меѓутоа, извесно време по породувањето, жената се посомневала дека бебето не дише, а сопругот го извадил новороденото момче и го фрлил во дворот. За среќа, плачот на бебето го слушнал сопственикот на фармата, кој ја известил итната помош.

Веднаш интервенирале и живо го извлекле од тоалетот, а по првата медицинска интервенција било хоспитализирано заедно со мајка му.

Лекарите го стабилизирале момчето, но се уште е во болница каде ќе му биде извршен подетален преглед.

Момчето пристигнало во болница со тешка хипотермија, а неговата мајка, која исто така била хоспитализирана, е во добра состојба.

За овој случај веднаш е покрената истрага, а според информациите, за убиство во обид е осомничен 33-годишен маж. Приведен е на распит и ќе биде задржан во полициска станица 24 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk