Други двајца се хоспитализирани, а покрената е истрага за овие случаи бидејќи се верува дека тие се поврзани со чоколадни десерти кои ги снабдува компанијата Cool Delight Desserts.
Сега Агенцијата за стандарди за храна (FSA) издала предупредување за производи кои можат да бидат контаминирани со листерија, пишува Food Safety News. Чоколадниот мус бил доставен од Cool Delight Desserts до болниците на NHS.
Станува збор за замрзнати, готови десерти од компанијата Cool Delight Desserts. Патем, бактеријата Listeria monocytogenes била пронајдена двапати во мусот од чоколадо и ванила, како и во мус од јагоди-ванила.
Примероци од бактеријата биле пронајдени во февруари во болница на NHS во југозападна Англија за време на рутински надзор, пренесува Метро.
Пациентите биле идентификувани во периодот од мај до декември минатата година. Во еден од овие случаи е евидентирана листерија како причина за смрт. Двајца од починатите биле од регионот Јоркшир и Хамбер, двајца од северозападниот дел на Англија и Западен Мидлендс и еден од Велс.
Агенцијата за здравствена безбедност на Британија исто така ги истражува овие случаи.
Листеријата е ретка и многу опасна бактерија, како навлегува во храната кога температура е погодна за да се размножи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата