logo
logo
logo

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Vecer | 14.10.2024

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

-Сакам да бидам јасен, ќе продолжиме безмилосно да го удираме Хезболах во сите делови на Либан, вклучително и во Бејрут, рече Нетанјаху за време на посетата на воената база што Хезболах вчера ја нападна, при што загинаа четворица израелски војници.

По неколкумесечни прекугранични судири меѓу Израел и проиранското движење Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, израелската армија ги засили воздушните напади врз Либан на 23 септември и започна копнени операции на 30 септември./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk