logo
logo
logo

Воз прегази познат Јутјубер додека снимал видео, машиновозачот го видел предоцна

Vecer | 19.12.2024

Воз прегази познат Јутјубер додека снимал видео, машиновозачот го видел предоцна

Вирот Арајанкет (53) снимал за својот канал на Јутјуб „Платено Наи Паи Кун Нам Мун Маи Тонг Саи“, што значи „Оди секаде без гас“, кога го удрил воз. Несреќата се случила во близина на мостот Чулалонгкорн во провинцијата Рачабури, пишува Daily Mirror.

Според извештаите, телото на Јутјуберот било згмечено и осакатено. Машиновозачот изјавил дека свирел за да го предупреди Вирот дека доаѓа возот, но не можел навреме да ја запре композицијата.

Телото на Вирот било влечено од возот, додека неговата опрема за снимање била расфрлена околу местото на несреќата. Според Фусаника Чантарат, полициски инспектор во полициската станица Рачабури Муанг, несреќата се случила околу 08:20 часот.

Вирот бил удрен од возот и влечен 50 метри пред машиновозачот да успее да го запре возот.

Јутјуберот креираше и споделуваше видео содржини на YouTube и Facebook, промовирајќи го велосипедизмот.

На снимката од несреќата, снимена од безбедносните камери, се гледа како Вират го става својот велосипед на шините околу 7:39 часот. Според изјавата на неговата сопруга, тој претходно ја однел својата ќерка на училиште пред да оди на пругата за да сними видео за социјалните мрежи.

Полицијата пронашла видео на телефонот на Вирот на кое се гледа како тој зборува пред камера додека стои во близина на железничка пруга. Машиновозачот ѝ објаснил на полицијата дека додека возот се приближувал до мостот, го видел Вирот како седи на шините и му свирел за да го предупреди да се тргне. За жал, Вирот не успеал навреме да избега, а машиновозачот не можел да го запре возот пред да удри во него.

Како што објави The Nation Thailand, возот удрил во Вирот и го влечел 50 метри пред да застане. Машиновозачот објаснил дека откако возот застанал, излегол и го нашол Вирот згмечен под возот. Веднаш го повикал својот надзорник и локалната полиција да ја пријават несреќата.

Откако е објавена веста за смртта на Вирот, многу луѓе изразија сочувство на неговата Фејсбук страница. Еден корисник напиша: „Мое сочувство брат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk