Несекојдневна сцена за време на гласање во сенатот на Австралија- шестмесечно бебе во главна улога (ВИДЕО)

Vecer | 26.11.2026

Несекојдневна сцена за време на гласање во сенатот на Австралија- шестмесечно бебе во главна улога (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пејман, која ја предводи партијата Глас на Австралија, го држеше бебето на колкот додека гласаше за законот за безбедност на интернет во среда, и додека таа зборуваше за одредбите што ги поддржува, Алија гугаше, додека сенаторката Лидија Торп си играше со неа во позадина, објави Дејли Меил.

Мешани реакции на социјалните медиуми

Видеото беше објавено на социјалните медиуми и предизвика мешани реакции.

Некои корисници ја критикуваа Пејман, нарекувајќи ги нејзините постапки непрофесионални и пример за „перформативна политика“, додека други го пофалија гестот како емотивен.

Пејман рече дека сакала да привлече внимание кон тешката положба на мајките што работат и да нагласи дека законот, за кој беше гласано, ќе ја заштити најмладата генерација Австралијци.

Привлече и меѓународното внимание 

Бабет од Обединета Австралија ги предводеше критиките, велејќи дека „феминизацијата на западната цивилизација ќе ја уништи“.

Еден коментатор ги спореди постапките на сенаторот со хирург кој си игра со бебе додека разговара со пациент за операција, додека други рекоа дека тоа покажува непочитување кон Сенатот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk