logo
logo
logo

Нема исклучоци: И ПИНГВИНИ ДОБИЈА ЦАРИНИ ОД ТРАМП

Vecer | 04.04.2025

Нема исклучоци: И ПИНГВИНИ ДОБИЈА ЦАРИНИ ОД ТРАМП

Група ненаселени острови во близина на Антарктикот, покриени со глечери, населени само со пингвини, исто така се погодени од трговската војна на Доналд Трамп.

Имено, американскиот претседател и за нив воведе царини на стоки од 10 отсто.

Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои ја сочинуваат најоддалечената територија на Австралија, се меѓу најоддалечените места во светот. До нив може да се стигне само со двонеделно возење со брод од Перт на западниот брег на Австралија. Тие се целосно ненаселени, а луѓето последен пат стапнале таму пред речиси 10 години, пишува „The Guardian“.

И покрај ова, островите Херд и Мекдоналд се на списокот на места кои ќе бидат погодени од новите трговски тарифи.

„Никаде на Земјата не е безбедно“, коментира австралискиот премиер Ентони Албанес.

Откако се дозна дека тарифите на Трамп опфаќаат дури и области каде никој не живее, потсмевот набрзо започна на социјалните мрежи.

„Пингвините ни крадат со години“, напиша поранешниот директор за комуникации на Трамп, Ентони Скарамучи, кој сега е чест негов критичар.

„Пингвините од островот Херд и Мекдоналд нè искористуваа предолго. Време е да им се спротивставиме! напиша поранешниот конгресмен Том Малиновски на Х.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk