logo
logo
logo

Фото: Петмина загинати во пожар во нелегален хостел во Полска

Vecer | 14.04.2025

Фото: Петмина загинати во пожар во нелегален хостел во Полска

Дванаесет возрасни лица биле евакуирани од запалената зграда, соопштија противпожарните служби во малиот шлески град Пшув (Pszów).

Пожарот избувнал доцна синоќа.

- Кога пожарникарите пристигнаа на местото на несреќата, целиот објект – двокатница со поткровје – бил веќе во пламен, изјави портпарол на противпожарната служба.

Огнот се проширил многу брзо, поради што, според првичните проценки, петтемина загинати најверојатно не успеале навреме да се евакуираат.

На терен биле испратени вкупно 120 пожарникари со 34 возила, соопшти на мрежата Икс (поранешен Твитер) портпаролот на полското Министерство за внатрешни работи, Јацек Добржински.

Според полската телевизија TVN24, во хостелот престојувале градежни работници.

Началникот на регионалната управа изјавил дека операторот на хостелот немал дозвола за вршење дејност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk