logo
logo
logo

Хамас подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за завршување на војната во Газа

Vecer | 14.04.2025

Хамас подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за завршување на војната во Газа

 Висок функционер на палестински Хамас денеска изјави дека движењето е подготвено да ги ослободи сите израелски заложници во замена за гаранции дека Израел ќе ја заврши војната во Појасот Газа.

Делегација на Хамас моментално е во Каиро на разговори со египетските и катарските претставници, кои посредуваат заедно со САД за постигнување примирје на палестинската територија.

-Подготвени сме да ги ослободиме сите Израелци (заложници) како дел од вистинскиот договор за размена на затвореници и во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош, изјави функционерот на Хамас, Тахер ал-Нуну.

Меѓутоа, тој го обвини Израел дека го попречува напредокот кон прекин на огнот.

-Проблемот не е бројот на заложниците што ќе бидат ослободени, туку фактот што Израел не ги исполнува своите обврски, го блокира спроведувањето на договорот за прекин на огнот и продолжувањето на војната, изјави претставникот на Хамас.

Според него, токму од овие причини Хамас инсистира на потребата од гаранции за да се принуди Израел да го почитува договорот.

Првата фаза од прекинот на огнот, меѓу 19 јануари и 17 март, овозможи враќање на 33 заложници, вклучително и осум мртви, во замена за ослободување на околу 1.800 палестински затвореници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk