logo
logo
logo

Најмалку седум лица загинаа во израелско бомбардирање на Појасот Газа

Vecer | 22.04.2025

Најмалку седум лица загинаа во израелско бомбардирање на Појасот Газа

Во два напади во западниот дел на градот Газа во текот на ноќта загинаа шест лица, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.

Тој додаде дека во бомбардирањето на куќа во Кан Јунис, на југот на палестинската територија, загинало едно лице.

Според арапски медиуми, во нападите на израелските сили од раните утрински часови загинале најмалку 14 луѓе во Кан Јунис и градот Газа.

Израел на 18 март го прекина примирјето и ја продолжи воздушната, а потоа и копнената офанзива против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.

Според податоците на Министерството за здравство на Хамас, најмалку 1.864 Палестинци се убиени од 18 март, додека од почетокот на израелската офанзива во 2023 година загинале 51.240 Палестинци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk