logo
logo
logo

ГЕРМАНИЈА ОТСТАПУВА ОД ЗАБРАНАТА за AfD? Новиот министер верува дека е подобро да се реши преку политика отколку со забрана на партијата

Vecer | 05.05.2025

ГЕРМАНИЈА ОТСТАПУВА ОД ЗАБРАНАТА за AfD? Новиот министер верува дека е подобро да се реши преку политика отколку со забрана на партијата

Новиот германски министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, изрази сомнежи во врска со можноста за забрана на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), и покрај тоа што разузнавачката служба неодамна ја класифицираше како „екстремистичка“.

Според него, прашање е дали AfD ги исполнува строгите критериуми утврдени од Уставниот суд, како што е агресивно дејствување насочено против демократскиот поредок.

Наместо забрана, Добриндт смета дека на АфД треба да се спротивстави политички преку решавање на проблемите што доведоа до зајакнување на популарноста на таа партија.

Слично мислење има и идниот вицеканцелар Ларс Клингбеил, кој истакна дека долгата постапка за забрана не може да биде единствениот начин за борба против зајакнувањето на AfD, туку дека партијата треба политички да се маргинализира.

Во исто време, раководството на AfD тврди дека сегашните напади врз нив се политички мотивирани.

Шефицата на партијата, Алис Вајдел, ја обвини министерката во заминување Ненси Фезер за злоупотреба на безбедносните служби со цел дискриминација и рече дека АфД ќе стане владејачка партија во иднина, без оглед на притисокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk