Милибанд рече дека ќе работи на истрага со државниот енергетски регулатор Офгем за да разбере што се случило вчера, објави Ројтерс.
„Губењето на моќта во областа Хитроу предизвика големо нарушување за илјадници луѓе и многу бизниси. Ние сме решени правилно да разбереме што се случи и кои лекции треба да се извлечат“, објави Милибанд во соопштението.
Воздушниот сообраќај на лондонскиот аеродром Хитроу е обновен, а денеска се очекува летовите да се вратат во целосна нормала, откако пожарот на трансформаторот во близина на аеродромот предизвика прекин на електричната енергија.
Вчера беа откажани летовите при што беа погодени 200.000 патници.
Дојдовните летови беа пренасочени кон други аеродроми во Европа откако избувна пожар на трафостаницата во западен Лондон.
Извршниот директор на аеродромот, Томас Волдби, им се извини на патниците, а полицијата потврди дека пожарот не е сомнителен по потекло.
Волдби рече дека прекинот на електричната енергија бил предизвикан од дефект во резервниот трансформатор, принудувајќи ги да ги исклучат системите во согласност со безбедносните процедури додека се во тек напорите да се врати струјата од другите електрични станици.
Хитроу е најголемиот аеродром во Британија, со околу 1.300 полетувања и слетувања секој ден.
Минатата година низ неговите терминали поминале рекордни 83,9 милиони патници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата