logo
logo
logo

Москва предупредува на ескалација на море по американскиот прогон на бродот „Маринера“

Vecer | 07.01.2026

Москва предупредува на ескалација на море по американскиот прогон на бродот „Маринера“

Според весникот, овој потег е одговор на засилените активности на американската морнарица, која спроведува поморска блокада на Венецуела и започна акција за „лов на бродови од таканаречената флота во сенка“, кои превезуваат нафта спротивно на западните санкции.

Првиот брод што го заменил знамето и името е танкерот „Бела 1“, кој сега плови под името „Маринера“, а набрзо го следел и танкерот „Хиперион“.

„Волстрит Џурнал“ претходно објави дека Русија упатила подморница за да го следи танкерот „Маринера“, откако САД наводно се обиделе да го запленат во близина на венецуелските води. Танкерот две недели се обидувал да ја заобиколи блокадата за да стигне до пристаништата за утовар на нафта.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека брод на американската крајбрежна стража со денови го прогонувал танкерот „Маринера“, иако тој се наоѓал на околу 4.000 километри од брегот на САД. Москва порача дека со загриженост го следи развојот на настаните и предупреди на сериозен ризик од ескалација на воените дејствија на море.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk