Таа пензија би била поголема од платата што ја добивал како претседател на САД и повеќе од пензиите на претходните претседатели, објавува „Фокс њуз“.
Проценката е врз основа на долгата кариера на Бајден во политиката, што значи дека тој има право да добива бенефиции според Законот за поранешни претседатели од 1958 година, како и бенефиции за пензионирање од системот за државни службеници за време на неговите мандати како сенатор и потпретседател.
Законот за поранешни претседатели од 1958 година предвидува дека претседателските пензии се еднакви на платите што ги добиваат секретарите на кабинетот, кои моментално изнесуваат 250.600 долари, а покрај тоа, Бајден би можел да има право на дополнителни 166.374 долари, врз основа на неговите мандати како сенатор и потпретседател, според Законот за системот за државни службеници за пензионирање.
Бајден ја започна својата кариера како американски сенатор во 1972 година, а осум години, почнувајќи од 2009 година, беше потпретседател на поранешниот претседател Барак Обама, заработувајќи 400.000 долари годишно.
Се наведува дека во Конгресот се во тек напори за ограничување на тоа колку поранешни претседатели можат да заработат откако ќе ја напуштат функцијата.
Претходните иницијативи за ограничување на претседателските пензии не успеаја, а Обама на крајот стави вето на сличен закон што Конгресот го поддржа во 2016 година, кратко пред тој да ја напушти Белата куќа.
Долгата политичка кариера на Бајден наводно му овозможила да се пензионира со најголемата пензија финансирана од даночните обврзници од кој било поранешен претседател во историјата на САД - 417.000 долари, или повеќе од неговата претседателска плата. Таа годишна сума наводно е двојно поголема од она што го добива Обама и 17.000 долари повеќе од претседателската плата на Бајден од 400.000 долари годишно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата