logo
logo
logo

Молдавија му одговори на Лавров: Ние самите избираме да бидеме дел од слободниот свет

Vecer | 03.02.2023

Молдавија му одговори на Лавров: Ние самите избираме да бидеме дел од слободниот свет

 Молдавија сама одлучува за својата иднина како „дел од слободниот свет“, соопшти Министерството за надворешни работи во Кишињев, отфрлајќи го обвинувањето на Москва дека Западот се обидува да направи неколку земји, меѓу кои и Молдавија, непријатели на Русија.

Во интервју за руската државна телевизија, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Молдавија е една од поранешните советски републики од кои Западот се обидува да ѝ направи непријатели на Русија.

Освен Молдавија, Западот исто така сака да ја претвори Грузија во непријател на Русија и да ги влоши односите на Русија со земјите од Централна Азија, рече Лавров.

„Категорично ја отфрламе изјавата на шефот на руската дипломатија, која не одговара на реалноста и е дел од познатата заканувачки реторика на руската дипломатија“, одговорија од молдавското Министерство за надворешни работи.

Во јуни, Европската унија им додели на Молдавија и на соседна Украина статус на кандидати за членство во блокот.

„Би сакале да ја потсетиме руската страна дека патот што го избра Молдавија е патот за пристапување во Европската унија. Молдавија јасно ја избра својата иднина и таа иднина е дел од слободниот свет“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Молдавија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk