logo
logo
logo

Минибус падна во провалија во Мексико: Најмалку 12 загинати

Vecer | 24.03.2025

Минибус падна во провалија во Мексико: Најмалку 12 загинати

Минибусот, во кој имало 16 лица, паднало на повеќе од 120 метри во планинска област во државата Нуево Леон, во близина на регионот Сантијаго, изјави локалниот претставник Ерик Кавазо. Некои од починатите починале на лице место, други стигнале во болница, но лекарите не успеале да им го спасат животот.

Градоначалникот на областа Сантијаго, Давид де ла Пења изјави дека несреќата најверојатно се должи на технички дефект, бидејќи на патот немало траги од сопирачки.

Несреќата предизвика и шумски пожар, кој во меѓувреме е изгаснат, соопштија локалните власти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk