logo
logo
logo

Невидена снимка: Пилот на кинески воен авион во многу низок лет над плажа (ВИДЕО)

Vecer | 26.03.2025

Невидена снимка: Пилот на кинески воен авион во многу низок лет над плажа (ВИДЕО)

Снимката се издвојува бидејќи леталото се наоѓало на прилично мала височина. Не може да се каже на која точна висина летал, но на снимката се гледа дека бил „рамо до рамо“ со дрвјата во близина на плажата, пишува порталот за вести Defence Blog, пишува Јутарњи.

Видеото е прегледано над 130.000 пати на X.

Defence Blog пишува дека некои набљудувачи ја гледаат снимката како доказ за вештината на пилотот, додека други се загрижени дека тој летал доста ниско. Авионот Sheniang J-16 е дело на производителот на авиони Sheniang Aircraft Corporation (SAC), подружница на кинескиот државен конгломерат за воздухопловство и одбрана Aviation Industry Corporation of China (AVIC).

„Шенјанг Ј-16“ може да се вклучи во воздушна борба и да бомбардира копнени цели. Авионот е базиран на високоподвижниот борбен авион Сухој Су-30. Министерството за одбрана на Народна Република Кина не го коментирале предметниот лет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk