logo
logo
logo

Шпанија повторно на удар на силно невреме- Малага прекриена со град (ВИДЕО)

Vecer | 26.03.2025

Шпанија повторно на удар на силно невреме- Малага прекриена со град (ВИДЕО)

Бел тепих од мраз ги прекри улиците за само неколку минути. Невремето дојде ненадејно и изненади многу граѓани.

Фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи веднаш станаа вирални.

Во последните две недели југот на Шпанија е погоден од обилни дождови, а експертите сметаат дека климатските промени се една од главните причини.

Остатоците од бурата Мартињо, една од најсилните бури досега забележани на Пиринејскиот полуостров, се поместија кон исток.

На бранот дожд и студениот воздух најподложни беа бреговите на Каталонија и Андалузија. Иако не се очекуваа обилни врнежи, дождовите направија големи штети, а најкритична е ситуацијата во Малага.

Поради големото количество вода, улиците се претворија во порои, а градот за неколку минути беше поплавен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk