На драматичните снимки од салата во Хилтон се гледа како претседателот Трамп веднаш го евакуираат, додека агентите на тајните служби се растрчуваат на сите страни во момент кога внатре има околу две илјади гости.
Неколку часа подоцна на прес конференција Донал Трамп кажа дека никој не бил повреден во инцидентот освен еден припадник на тајните служби кој бил застрелан но со полесни повреди благодарение на заштитниот елек. Посочи дека напаѓачот најверојатно дејствувал самостојно, немаше информации дали инцидентот се поврзува со конфликтот на Блискиот Исток но и дека ова нема да го одврати од војната во Иран.
-Човекот е фатен, го претресуваат неговиот стан, претпоставувам дека живее во Калифорнија. И тој е болен човек, многу болен човек. Фактот дека седевме еден до друг, првата дама од мојата десна страна, слушнав врева и мислев дека е послужавник, помислив дека паднал послужавник, повеќе пати и беше силна врева. И беше оддалеку. Тој воопшто не го проби делот, навистина го фатија. Ова не им се случува на луѓе кои не прават ништо. И нема да ме спречи да ја добијам војната во Иран. – Доналд Трамп – Претседател на САД
И безбедносните служби соопштија дека напаѓачот влетал низ безбедносната контрола на влезот во хотелот, но не успеал да стигне до главната сала. По пукањето веднаш бил соборен на под, но не бил застрелан. Неговите мотиви официјално не се познати, иако дел од странските медиуми пренесуваат дека по апсењето рекол оти мета му биле амрикански политичари. Тој бил гостин во хотелот, а за време на аспењето бил вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви. Идентификуван е како Кол Томас Ален, 31-годишник од Калифорнија, истакнат инженер и наставник, кој бил наградуван. Донирал 25 долари за кампањата на демократката Камала Харис, која загуби на изборите од Трамп.
-Во овој момент знаеме дека вооружени сили разменија оган со лицето. Знаеме дека униформиран офицер на Тајната служба на САД беше погоден во заштитниот елек и е пренесен во локална болница. осомничениот во овој случај, не беше погоден со оружје, но беше пренесен во болница на проценка.
Од видеа кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат реакциите на присутните гости во салата кои набргу по инцидентот биле евакуирани.
-Бев во бифето, во близина на скалите што водат надолу. Слушнавме три истрели и излетав низ вратата. Не ни чекав да видам што се случува зад мене.
-Седевме таму и од никаде слушнавме три силни истрели, и тешко е да се каже веднаш но група луѓе претрќаа во собата и видовме дека сите ги вадат надвор. Првин Доналд Трамп и тогаш стана навистина јасно што се случува и секој што беше околу мене се сокри под масата.
Ова е втор поголем инцидент на Трамп откако пред две години беше мета на атентат на митинг во Пенсилванија и беше ранет во увото. Инаку истиот хотел Хилтон во Вашингтон каде се случи пукањето е истиот во кој во 1981 година тогашниот американски претседател Роналд Реган беше ранет во обид за атентат.
Инцидентот доаѓа неколку часа откако Трамп одлучи даго откаже патувањето на американската делегација во Исламабад, Пакистан, на разговори со Иран.
Armed police rush the stage and secret service move in pic.twitter.com/5XL55Kv2PX
— James Longman (@JamesAALongman) April 26, 2026
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата