Камерите ги снимиле маскираните напаѓачи како убиваат десет луѓе, а потоа бегаат со пикап што подоцна го запалиле, објави Дејли Меил.
На видеото се гледаат куршуми како дожд врз барот Кантариос во Сантијаго де Керетаро, северозападно од Мексико Сити. Нападот се случил во саботата навечер околу 21:30 часот по локално време.
Преплашените гости се фрлиле на подот за да си го спасат животот, додека мртвите паѓале околу нив.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКО
Четворицата осомничени се снимени како пристигнуваат во локалот со метално сиво возило. Двајца од нив излегуваат и влегуваат во кафеаната, а двајца остануваат во камионот.
Во нападот загинале седум мажи и три жени, а повредени се уште 13 лица, од кои двајца потешко, соопшти полицијата.
Во нападот осомничените користеле оружје со долг дострел, а полицијата наводно досега уапсила само еден осомничен. Инспекторите ги идентификувале табличките на возилото користено за бегството, биле издадени во Ел Маркес, кој се наоѓа на околу 10 километри од местото каде што бил извршен масакрот.
Полицијата подоцна го пронашла пикапот запален.
Се уште не е познат мотивот за ова грозоморно злосторство. Според локалните медиуми, во овој град „оперираат“ најмалку четири криминални банди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата