logo
logo
logo

Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија

Vecer | 02.01.2025

Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија

Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници. 

ФБИ соопшти дека на камионот имало знаме на Исламска држава и го сметаат инцидентот за можен терористички напад. 

И додека истрагата е во тек, засега нема информации кои би објасниле зошто Џабар, американски државјанин кој пораснал во Тексас, би го извршил нападот во Њу Орлеанс. 

Напаѓачот бил убиен на местото на злосторството во размена на оган со полицијата, соопштија официјални лица. 

Џабар служел во американската армија од 2007 до 2015 година како специјалист за човечки ресурси и информатичка технологија, а потоа се префрлил во резервата каде што работел како ИТ специјалист до 2020 година. Од февруари 2009 година до јануари 2010 година, тој бил распореден во Авганистан. Последниве години работел како агент за недвижнини. 

ФБИ верува дека Џабар го изнајмил пикапот „Форд “со кој удрил во луѓето во популарниот француски кварт рано на новогодишната ноќ пред да излезе и да пука во полицијата. Тој успеал да ја заобиколи заштитната ограда возејќи по тротоарот, соопшти полицијата во Њу Орлеанс. 

На возилото било пронајдено знаме на Исламска држава, а внатре било пронајдено оружје и потенцијална експлозивна направа. 

– Веруваме дека Џабар не дејствувал сам, изјави на прес-конференција агентката на ФБИ, Алетеа Данкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk