logo
logo
logo

Малото девојче и дупката до Кина (ВИДЕО)

Vecer | 07.08.2022

Малото девојче и дупката до Кина (ВИДЕО)

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси е критикувана на социјалните мрежи за коментарите што ги даде за нејзината „врска“ со Кина за кои зборуваше за време на прес-конференција во четвртокот.

Пелоси рече дека отсекогаш имала посебна врска со Кина поради сеќавањето од детството.

Ненси Пелоси вели дека отсекогаш чувствувала поврзаност со Кина, бидејќи кога била мало девојче, родителите и рекле дека ако продолжи да копа дупка на плажата, на крајот ќе стигне до Кина.

„Кога бев мало девојче, на плажата ми велеа дека ако ископам дупка доволно длабоко, ќе стигнеме до Кина, така што отсекогаш сме чувствувале поврзаност таму“, рече Пелоси.

Пелоси го даде коментарот за време на патувањето во Индо-Пацификот.

Тоа е наведено и во официјалниот транскрипт на официјалниот сајт на претседателката

Критиките во медиумите во САД и на социјалните мрежи се нижат

 

 

 

Претседателот Бајден се обиде да се дистанцира од посетата. Тој претходно откри дека Пентагон сметал дека патувањето на Пелоси - долгогодишен критичар на кинеската влада - „не е добра идеја“.

Белата куќа, исто така, нагласи дека политиката на САД не е променета и дека Вашингтон „силно се противи на едностраните напори за промена на статус кво или за поткопување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец“.

https://vecer.mk/svet/bajden-vojskata-ne-podrzhuva-patuvanje-na-pelosi-na-tajvan/

Тоа може да помогне да се ублажи штетата.

„Иако Конгресот има надворешно-политичка улога, извршната власт е таа што управува со надворешните односи на САД“, вели Џанг Баохуи, професор по политички науки на Универзитетот Лингнан во Хонг Конг.

„Мислам дека кинеската [влада] го разбира ова и тоа треба да го ограничи влијанието на посетата на Пелоси врз пошироките односи меѓу САД и Кина“.

https://vecer.mk/top-vesti/pozadinata-kriza-kina-tajvan/

https://vecer.mk/top-vesti/gardijan-kolku-e-realno-da-se-sluchi-vojna-pomegju-kina-i-tajvan/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk