logo
logo
logo

Луксузна јахта на саудиски принц се заби во пристаниште во Тунис,претходно била на Трамп(ВИДЕО)

Vecer | 15.10.2024

Луксузна јахта на саудиски принц се заби во пристаниште во Тунис,претходно била на Трамп(ВИДЕО)

Имено, јахтата удрила во пристаништето во Тунис.

Објавени се фотографии од јахтата вредна 91 милион долари која му припаѓала на Трамп и била користена за снимање на филмот за Џејмс Бонд.

Несреќата се случила во петокот во пристаништето во градот Бизерте во Тунис.

"Јахтата не успеа да застане на време и се заби во мостот. Удри во лакот иако капетанот го фрли сидрото за да ја намали брзината", рекол случаен минувач кој бил сведок на ситуацијата.

Јахтата првично била во сопственост на султанот од Брунеи, кој му ја продал на Доналд Трамп во 1988 година кога го добила името „Принцезата Трамп“.

Изграден е во 1980 година и чинел 100 милиони долари, а првобитното име било „Набила“.

Во 1983 година, таа се појави во филмот за Џејмс Бонд „Никогаш не кажувај никогаш“, како штаб на негативецот Максимилијан Ларго.

Јахтата 5-КП може да прими 22 луѓе и 31 член на екипажот. Има 11 големи соби, пет палуби, базен, кино, фризерски салон и комплетен санитарен јазол, вклучувајќи и операциона маса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk