logo
logo
logo

Кулеба на средба со Ванг Ји во Пекинг,Украина е подготвена да води преговори со Русија

Vecer | 24.07.2024

Кулеба на средба со Ванг Ји во Пекинг,Украина е подготвена да води преговори со Русија

Украина е подготвена да води преговори со Русија, соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба за време на разговорите со неговиот кинески колега Ванг Ји во Пекинг, пренесува Спутник.

„Дмитро Кулеба го повтори утврдениот став на Украина дека е подготвена да ја вклучи руската страна во преговарачки процес во одредена фаза, кога Русија ќе биде подготвена да преговара во добра вера, но нагласи дека таква подготвеност во моментот не е забележана од руска страна“, соопшти украинското министерство.

Министерот за надворешни работи на Кина порача дека украинската војна треба да се решава на преговарачка маса.

„Уверен сум дека праведен мир во Украина е во стратешкиот интерес на Кина и оти кинеската улога, како глобална сила за мир, е важна“, одговори Ји.

Кулеба рече дека руската агресија го уништува мирот и го забавува развојот и оти секој нов ден на војната носи нови повреди на човештвото и натамошно нарушување на правдата. Затоа е потребно да се стави крај на војната против Украина, да се обнови мирот и да се забрза обновата на нашата земја, додаде министерот за надворешни работи на Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk