logo
logo
logo

Французин ја дрогирал сопругата, па ангажирал дури 72 мажи за да ја силуваат

Vecer | 02.09.2024

Французин ја дрогирал сопругата, па ангажирал дури 72 мажи за да ја силуваат

Обвинетиот Доминик П.(71) на интернет пронаоѓал непознати лица и потоа ги регрутирал да дојдат во неговиот дом и сексуално да ја злоупотребуваат жртвата, пренесе Гардијан.

Адвокатите на сопругата наведуваат дека таа била под тешки седативи и не знаела за злоставувањето. Полицијата открила најмалку 92 случаи на силување извршени од 72 мажи. Во текот на истрагата, педесет од нив се идентификувани и им се суди заедно со нејзиниот сопруг.

Жртвата, која сега има 72 години, за злоставувањето дознала дури во 2020 година, откако била известена од полицијата. „Судењето ќе биде вистинска тортура за неа“, изјави нејзиниот адвокат Антоан Ками за Франс прес, бидејќи тоа ќе биде првпат да го види видео доказот за злоупотребата.

Властите почнале да го истражуваат Доминик П. по инцидентот во септември 2020 година, кога чувар го фатил како тајно го снима местото под фустаните на три жени во трговски центар.

Полицијата потоа на неговиот компјутер пронашла стотици фотографии и видеа од неговата сопруга во несвест. Злоупотребата наводно започнала во 2011 година. Инспекторите пронашле и комуникации на интернет во кои Доминик П. регрутирал непознати лица да дојдат во неговиот дом и да ја силуваат неговата сопруга. Очигледно не биле разменети пари.

Обвинетиот во полиција признал дека на сопругата ѝ давал силни седативи, вклучително и лек против анксиозност. Обвинетите силувачи, на возраст меѓу 26 и 74 години, во најголем број случаи по еднаш ја нападнале жената, додека некои ја силувале и до шест пати.

Во текот на судењето одбраната изјавила дека парот ги извршувал своите сексуални фантазии, но вештакот рекол дека жртвата не спиела, туку била во состојба на кома. 71-годишникот бил обвинет за убиство и силување во 1991 година, што тој го негирал тоа, и обид за силување во 1999 година, што го признал по ДНК анализа. Судењето треба да трае до 20 декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk