logo
logo
logo

Кремљ: САД и НАТО веќе редовно ѝ доставуваат разузнавачки податоци на Украина

Vecer | 02.10.2025

Кремљ: САД и НАТО веќе редовно ѝ доставуваат разузнавачки податоци на Украина

- САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет, им рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите. - Обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците е очигледно, додаде тој.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ претходно денеска објави дека САД ќе ѝ дадат разузнавачки информации на Украина за руски енергетски инфраструктурни цели кои би можеле да бидат погодени со оружје со долг дострел, додека Вашингтон размислува дали да испрати проектили до Киев што би можеле да се користат за такви напади.

САД долго време разменуваат разузнавачки податоци со Украина, но според „Волстрит џурнал“, новите податоци ќе им го олеснат на силите на Киев гранатирањето на рафинерии за нафта, гасоводи, нуклеарни централи и друга инфраструктура. Целта е главно да му се ускрати на Кремљ продажбата и потрошувачката на гориво.

Одобрувањето на новата разузнавачка помош за Украина дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е способна да ја врати територијата преземена од Русија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk