logo
logo
logo

Бархам Салих избран за Висок комесар на ОН за бегалци

Vecer | 12.12.2025

Бархам Салих избран за Висок комесар на ОН за бегалци

Во писмото, потпишано од генералниот директор на ОН, Антонио Гутереш, со датум од 11 декември, се наведува дека Салих е именуван за петгодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари.

Салих доаѓа на местото на Италијанецот, Филипо Гранди, кој ја извршува функцијата од 2016 година.

Именувањето на Салих треба да го одобри Извршниот одбор на УНХЦР.

Салих потекнува од курдскиот регион на Ирак. Тој е инженер образован во Велика Британија.

За функцијата имаше десетина кандидати, меѓу кои политичари, извршен директор на ИКЕА, лекар во брзата помош и телевизиски водител. Повеќе од половина од кандидатите беа од Европа, во согласност со традицијата, директорот на Агенцијата со седиште во Женева, да доаѓа од главните земји-донатори. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk