Во германското Министерство за надворешни работи денеска е повикан на разговор рускиот амбасадор во оваа земја поради заканувачките хибридни активности на Русија, кои вклучуваат дезинформациски кампањи, шпионажа, кибер напади и обиди за саботажа, изјави портпаролот на министерството, јави ДПА.
„Поради овие причини утринава го повикавме рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи и јасно му нагласивме дека многу внимателно ги следиме активностите на Русија и дека ќе преземеме мерки против нив“, изјави портпаролот.
Портпаролот ги припиша овие активности на руската мрежа „Штура 1516“, која е специјализирана за манипулации, велејќи дека таа стои зад активностите насочени кон обид за нарушување на федералните избори што треба да се одржат во февруари.
Портпаролот додаде дека германската Влада подоцна „ќе одлучи за своите натамошни дипломатски чекори“, пренесе ДПА.
Германската влада претходно го припиша кибер нападот врз германските безбедносни системи за воздушен сообраќај во август на руската хакерска група APT28, објави Гардијан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата