logo
logo
logo

Ким Џонг-ун ветува непоколеблива поддршка од Северна Кореја за Русија

Vecer | 25.03.2026

Ким Џонг-ун ветува непоколеблива поддршка од Северна Кореја за Русија

„Изразувам искрена благодарност за вашите топли и срдечни честитки за моето повторно преземање на тешките одговорности на шеф на државата“, напиша Ким.

Законодавното тело на Северна Кореја го реизбра Ким Џонг Ун за претседател во неделата.

„Денес, Демократската Народна Република Кореја (ДНРК) и Русија тесно соработуваат за да го одбранат својот суверенитет“, напиша Ким во писмото.

Ким нагласи дека Пјонгјанг секогаш ќе стои зад Москва затоа што „тоа е наш избор и наша непоколеблива волја“.

Врските меѓу двете земји се зајакнаа од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, кога Пјонгјанг испрати војници и системи за оружје за поддршка на војната на Русија, а во 2024 година потпишаа договор за меѓусебна одбрана.

Северна Кореја, изолирана, сиромашна земја и многу ранлива на природни катастрофи, добива финансиска помош, храна и енергија за возврат, покрај воена технологија, велат аналитичарите, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Друг руски сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко, денеска пристигна во дводневна посета на Ким. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk