logo
logo
logo

Хезболах тврди дека нападнала воени бази во Израел

Vecer | 04.03.2026

Хезболах тврди дека нападнала воени бази во Израел

Нападнати се воена база во близина на Тел Авив и военопоморската база во Хаифа, тврди милитантната група поддржана од Иран, Хезболах.

- Како одговор на израелската агресија … Хезболах ја напдна воената база „Тел Хашомер“ и военопоморската база во Хаифа, соопшти движењето откако во Ерусалим и Тел Авив се огласија сирените за тревога.

Претходно, државната Либанската новинска агенција (ННА) објави дека израелски копнени сили денеска навлегоа во градот Хијам, како дел од засилената офанзива во јужен Либан.

Израелската армија денеска нареди евакуација од јужниот дел на Либан, повикувајќи ги жителите да се повлечат северно од реката Литани. Наредбата е издадена на третиот ден од целосната воена операција против либанската група Хезболах.

Либанското Министерството за здравство соопшти дека во израелските напади загинале десетици лица, а илјадници Либанци ги напуштиле домовите.

Ескалацијата во Либан започна пред два дена. Хезболах отвори оган врз израелските позиции како одговор на атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во американско-израелскиот напад врз Иран.

Портпарол на израелската војска изјави дека армијата во изминатите 48 часа погодила повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk