logo
logo
logo

Хамнеи во првото обраќање по нападот, ги обвини западните земји: Вие сте извор на судири

Vecer | 02.10.2024

Хамнеи во првото обраќање по нападот, ги обвини западните земји: Вие сте извор на судири

Хамнеи вели дека нивното присуство е извор на „конфликти, војни, грижи и непријателство“, но не го спомна ракетниот напад претходната ноќ.

„Регионалните нации можат да се грижат за себе и ќе живеат заедно во мир“, рече Хамнеи, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

Тој рече дека Иран се надева дека „ќе се ослободи од злото на непријателот“ и исто така ги повика западните нации „да ја намалат својата злобност“.

Иран долго време го сметаше присуството на американски војници на својот праг како закана и бара нивна евакуација од соседен Ирак и други делови од регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk