logo
logo
logo

CNN: Меланија Трамп побара 250.000 долари за интервју

Vecer | 04.10.2024

CNN: Меланија Трамп побара 250.000 долари за интервју

Откако размениле неколку мејлови за можно интервју, издавачот минатата недела испратил необично барање на CNN - интервјуто би чинело 250 илјади долари (нешто помалку од 227 илјади евра).

На својата официјална веб-страница, Си-Ен-Ен објави документ испратен до нив од издавачот Skyhorse Publishing, со наслов „Договор за доверливост“. Во него се наведени строги услови за интервјуто и користење на материјал од мемоарите, кои ќе бидат пуштени во продажба на 8 октомври. Дополнително, во договорот стои дека „CNN ќе плати 250 илјади долари“.

Си-Ен-Ен одбиле да го потпишат тој договор и решиле транспарентно да им го покажат на милиони луѓе ширум светот. Но, тогаш започнува пресврт. Неколку дена подоцна, откако друг репортер на Си-Ен-Ен испратил барање до издавачката куќа Skyhorse за превисоката цена за интервјуто, издавачот рекол дека барањето за плаќање било испратено - по грешка.

„Ниту Меланија, ниту некој од нејзиниот тим не знаеше ништо за договорот за необјавување, а документот што беше испратен одразува внатрешна погрешна комуникација за спецификите на интервјуто“, изјавил за Си-Ен-Ен, Тони Лајонс, извршен директор на издавачката куќа Skyhorse.

Плаќањето на јавни личности за интервјуа, особено кога станува збор за сопружници на политички кандидат, не е нешто што редакциите го прифаќаат и, во повеќето случаи, имаат строги насоки против таквите практики. „Ниту една поранешна прва дама никогаш не го направила тоа“, вели Кејт Андерсон Брауер, авторка на „Први дами: благодатта и моќта на модерните први дами на Америка“.

Покрај бараните пари за интервјуто, од репортерот на Си-Ен-Ен што тебало да го прави интервјуто се барало да потпише договор, а секое прекршување ќе ѝ даде право на Меланија или нејзиниот издавач на „ликвидирана отштета од 100.000 долари“.

И додека Си-Ен-Ен ја одбиле поранешната прва дама за сè, Меланија сепак се согласила на второ телевизиско интервју, поточно со Фокс њуз, што беше нејзино прво интервју во последните две години. Прикажала стари семејни и приватни фотографии.

Портпаролот на Фокс њуз изјави за Си-Ен-Ен дека тие не платиле никакви такси за интервјуто и фотографиите на Меланија Трамп.

За потсетување, ова се први мемоари на Меланија. Нејзината канцеларија ги опиша како моќна и инспиративна приказна за жена која „сама го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја дефинирала личната извонредност“.

Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и сè уште живее, извонреден, необичен живот“, стои во најавата за книгата. Мемоарите на Меланија се полни со лични приказни и семејни фотографии кои таа се уште не ги споделила со јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk