logo
logo
logo

КАРТЕЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОЈНА! Командоси упаднале на брод со кокаин вреден 500 мил. евра, робата ја чекале Албанци и пола Европа

Vecer | 28.09.2023

КАРТЕЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОЈНА! Командоси упаднале на брод со кокаин вреден 500 мил. евра, робата ја чекале Албанци и пола Европа

Ирските власти се подготвуваат за избувнување на крвопролевање меѓу нарко-картелите откако специјалните сили на армијата на оваа земја ја извршија најголемата заплена на дрога во историјата на Ирска, откако командоси извршија рација на товарен брод што преку Атлантскиот Океан превезувал кокаин вреден половина милијарда евра.

Британски Дејли мејл наведува дека истражителите веруваат дека, меѓу другото, во шверцот на оваа количина дрога биле вклучени опасниот колумбиски Заливски клан (Клан дел голфо), целиот конзорциум на нарко банди од Европа предводени од Албанци и ирскиот картел Кинахан, а сега сите ќе го бараат виновникот за овој дебакл.

Се верува дека целата операција била управувана од Дубаи. Сè започнало кога товарниот брод „МВ Метју“ долг 192 метри го напуштил јужниот дел на Карипското Море на 18 август за да земе кокаин во Гвајана.

Минатиот петок, на 22 септември, ирските власти, постапувајќи по разузнавачки информации, испратија воени ренџери да пресретнат брод за кој постоеле сомнежи дека пренесува дрога. Истиот ден, во ирскиот приморски град Каслтаунбер е купен малиот рибарски брод „Каслмор“, округ Корк, и испловил истата вечер.

Во неделата, Каслмор, за кој властите верувале дека се користел за пренесување дрога од МВ Метју, се насукал на песочна лента кај Блеквотер во округот Вексфорд.

 

Irska, zaplena kokaina, brod

 

Во понеделникот рано наутро, ирската крајбрежна стража спасила двајца морнари од рибарскиот брод, кои подоцна се уапсени, а екипажот на МВ Метју, кој имал проблеми со моторот во текот на целиот викенд, успеал да го рестартира товарниот брод.

Меѓутоа, во таа прилика бил повреден капетанот на бродот кој вечерта со хеликоптер на крајбрежната стража бил пренесен во болница.

Во вторникот на 26 септември, MV Matthew се упатил кон ирското пристаниште Корк за да замени делови од оштетените мотори, кога екипажот сфатил дека биле следени од властите.

 

Irska, zaplena kokaina, brod

Наместо да ги послушаат наредбите на командосите од ирскиот армиски брод ЛЕ Вилијам Батлер Јејтс и да запрат, екипажот го сменил курсот на товарниот брод во обид да ги напушти ирските територијални води и да влезе во меѓународните води.

Командосите испукале предупредувачки истрели и бидејќи поради лошите временски услови не можеле да се приклучат на товарниот брод, на него се спуштиле со јажиња од хеликоптер.

Откако го ставиле под контрола товарниот брод, ирските воени специјални сили го однеле во пристаништето Корк, каде полициските истражители откриле два и пол тони (2.253 килограми) кокаин во вредност од 500 милиони евра.

 

Irska, zaplena kokaina, brod

 

На товарниот брод биле уапсени Британец, тројца Украинци и двајца Иранци, од кои едниот бил капетан.

Извор близок до истрагата за The Irish Sun изјавил дека нарко картелот Кинахан не би можел сам да изврши шверц на толку големо количество дрога.

– Би можеле да бидат инволвирани до 20 криминални организации, рекол изворот.

 

Irska, zaplena kokaina, brod

 

Ирските власти сметаат дека спакувана дрога вредна милиони евра била фрлена во морето од рибарскиот брод „Каслмор“, во кој дел од кокаинот бил префрлен од „МВ Метју“.

Локалните жители од округот Вексфорд почнале да се собираат на плажите веднаш штом се дознало, надевајќи се дека ќе ја пронајдат дрогата што ја исфрлила во водата.

 

 

„МВ Метју“ по претоварот на дел од кокаинот на „Каслмор“ требало да го продолжи патувањето и да исфрли дрога на бреговите на Велика Британија и земјите членки на Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk