logo
logo
logo

Камала Харис води со 2 проценти пред Трамп на анкетите на Ројтерс/Ипсос

Vecer | 24.07.2024

Камала Харис води со 2 проценти пред Трамп на анкетите на Ројтерс/Ипсос

Според анкетата направена од Ројтерс/Ипсос, таа има 44 проценти поддршка, наспроти нејзиниот републикански ривал кој има 42 проценти.

Харис која претходно соопшти и дека ја има поддршката од делегатите на нејзината партија за и официјално да ја добие номинацијата, за 48 часа собра и рекордна сума од над 250 милиони долари. Таа вчера и официјално ја почна кампањата од Висконсин, држава која се смета за клучна во пресрет на изборите во ноември.

-Ви ветувам дека ќе ги поминам неделите кои доаѓаат да продолжам со обединување на нашата партија за да бидеме подготвени да победиме во ноември. Дали сакаме да живееме во земја на слобода, сочувство и владеење на правото или во земја на хаос, страв и омраза? И тука е убавината на овој момент, ние сите ја имаме моќта да одговориме на тоа прашање,- - Камала Харис – Потпретседателка на САД.

 Харис беше предложена како кандидат од Бајден кој вечерва треба за прв пат да и се обрати на нацијата по одлуката да се повлече од трката за втор мандат. Тој вчера за прв пат се појави во јавноста, по краткото боледување од Ковид, но не даде одговори на новинарите за одлуката.

-Зошто се повлековте од изборите? Беше ли тоа тешка одлука за да се донесе?

Дел од политичките аналитичари во САД пак, велат дека кампањата на Харис подемот на кампањата на Харис се должи на тоа што станува збор за помлад кандидат и не гледаат изненадување во силната финансиска поддршка која таа ја доби за само 48 часа. 

-Реалноста е дека тие бројки не се само точки за разговор, ова е реално. Тие придонеси, поддршката тоа се вистински бројки кои покажуваат поинаков вид на ентузијазам. Кампањата на Бајден страдаше од доста значаен јаз во ентузијазмот. Тоа сега е целосно затворено,- - Дејвид Чалиан – Политички аналитичар.

Од тимот на Трамп пак, соопштија дека имаат намера да поднесат жалба за финансиските придонеси на Харис и присвојувањето на финансиите од кампањата на Бајден. Самиот Трамп пак, кој во неколку наврати упати силни критики за Харис, некои и на лична основа, за новинарите во САД порачал дека има намера и повеќе пати да се појави на дебата со демократката доколку таа и официјално биде назначена за претседателски кандидат од нејзината партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk