Северна Кореја минатиот месец ги прекина електричните водови инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк и дигна во воздух делови од патишта што ја поврзуваат со Јужна Кореја, северно од воената демаркациска линија.
Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Џеонги и Донге, и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата