logo
logo
logo

„Јас излегов, ама тато...“ – се огласи ќерката на познатиот пејач по трагедијата во ноќен клуб

Vecer | 08.04.2025

„Јас излегов, ама тато...“ – се огласи ќерката на познатиот пејач по трагедијата во ноќен клуб

Во ноќниот клуб загинаа 27 лица, меѓу кои и познат политичар, додека повеќе од 135 лица се повредени.

Зулинка Перез, која била на настапот на нејзиниот татко во дискотеката, изјавила дека сѐ се случило одеднаш. Вели дека успеала да излази од урнатините, но дека нејзиниот татко се уште е закопан.

„Мојот сопруг, кој е придружен вокал, скокна врз мене и ми рече: „Мамичке, излези, не смее да ни биде оставено бебето само ако се сруши сето ова“, а јас некако излегов, но тато...“, вели потресената Зулинка.

Ќерката на познатиот пејач вели дека мисли дека во клубот во моментот на трагедијата имало меѓу 1.000 и 1.500 гости и дека спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот.

Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес, рече дека спасувачите ќе бараат неуморно се додека постои надеж дека некој преживеал.

Во овој момент спасувачите се обидуваат со термички сигнали да утврдат колку луѓе се под урнатините.

„Не сме фокусирани на броење тела, фокусирани сме на слушање. Гласовите на луѓето кои повикуваат на помош сè уште се слушаат. Се додека има еден жив човек, ние ќе бидеме тука“, рече Мендес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk