Јапонскиот премиер го разреши својот син од секретарската функција поради недолично однесување

Vecer | 29.05.2023

Јапонскиот премиер го разреши својот син од секретарската функција поради недолично однесување
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Одлуката дојде откако еден магазин објави дека Шотаро Кишида поканил пријатели на забава во официјалната резиденција на премиерот минатата година.

„Неговото однесување во јавноста минатата година беше несоодветно за политички секретар и решивме да го смениме“, изјави Кишида додавајќи дека оставката ќе стапи на сила на 1 јуни.

Премиерот веќе наиде на критики за односот на неговиот син, кој на патувањата низ Европа со службени автомобили им купувач сувенири на министрите.

Кишида изгуби четворица министри за три месеци поради наводите за финансиски неправилности или врски со контроверзната секта „Мун“, позната и како Црква на обединување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk