logo
logo
logo

Израелските војници со средновековно оружје лансираат „огнени топки“ кон Либан (ВИДЕО)

Vecer | 13.06.2024

Израелските војници со средновековно оружје лансираат „огнени топки“ кон Либан (ВИДЕО)

„Ова е локална иницијатива, а не широко употребувано оружје“, соопшти израелската војска, пишува The Jerusalem Post.

„Областа на границата со Либан се карактеризира со карпи, трње и густа вегетација, што претставува предизвик за војниците распоредени во одбраната“, додаваат тие. Нападите со палење имаат за цел да ѝ помогнат на војската да ги идентификува терористите кои се обидуваат да се инфилтрираат во Израел или да извршат други напади.

Весникот „Маарив“ цитира воен извор кој вели дека видеото е направено пред повеќе од еден месец. Катапулт е оружје што се користело за опсади, а било употребувано првенствено во средниот век.

Инаку, тензиите меѓу Израел и Либан дополнително ескалираа во последните денови. Израелците во вторникот го убија Сами Талеб Абдула, висок командант на Хезболах. Милитантите одговорија вчера со лансирање на околу 250 ракети во северен Израел.

Тоа е најголемиот број на ракети истрелани врз областа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Претходно денеска израелската армија соопшти дека уште еднаш со авиони ги нападнала позициите на Хезболах во јужен Либан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk