logo
logo
logo

Израелскиот шеф на дипломатијата: На Гутереш да му се збрани да стапне во Израел

Vecer | 02.10.2024

Израелскиот шеф на дипломатијата: На Гутереш да му се збрани да стапне во Израел

„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече Кац, пренесе Ројтерс.

Кац додаде дека Израел ќе продолжи да ги брани своите граѓани и да го штити своето национално достоинство, „со или без Антонио Гутереш“.

Бидејќи не зборуваше против Иран, Гутереш е „непожелна личност“ во Израел, заклучи израелскиот министер.

Иран вчера истрела повеќе од 180 балистички проектили врз Израел додека ескалираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах, поддржана од Иран.

По нападот, Гутереш даде кратка изјава во која зборувал само за „последните напади на Блискиот Исток“ и ја осуди „ескалацијата“ на конфликтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk